Вие сте на: HomeЗа нас

”QUANT ENERGO” (”КВАНТ ЕНЕРГО” Д.О.О.Е.Л.) е фирма за трговија на големо и инжинеринг со електро материјали и ВН електро опрема.
Фирмата е основана во 1994 година; сопственик и управител е г-дин Јовчески Мр. Петар, дипл.ел.инг.
 
”QUANT ENERGO” е фирма за инжинеринг и трговија на големо во областа:
1.    Електро & термо изолациони материјали, електрични кабли.
2.    VN заштитна и сигурносна опрема, како и електрични алати.
3.    Графитни производи (четкици, држачи, контакти).
4.    VN мерни трансформатори и реактори, опрема за пренос и дистрибуција на енергија како и нивни резервни делови.
5.    Резервни делови за VN прекинувачи (производи на "Energoinvest" - Сараево (БиХ) како и од “Koncar” - Загреб (Хрватска).

   ”QUANT ENERGO” е ексклузивен претставник и застапник на следните странски компании:
I. “ISOVOLTA AG (Австрија) – технички ламинати, машински делови, флексибилни изолациони материјали (канална изолација и изолација за проводници за репарирање на електрични машини).
II. “SFE-Sibille Fameca Electric”, Франција - VN заштитна опрема (сигурносно изолиран рачен алат, ракавици, чизми, шлемови, скали, напонски индикатори и изолациони мотки, опрема за заземјување и кратко спојување и сл.).
III. “ELSTA Mosdorfer”, Австрија (“INTERCABLE”; “LEMP” – електрични алати).
IV. “TUP” D.D. – Дубровник (Хрватаска): графитни четкици & држачи како и сите видови на електро контакти.
V. “TRENCH Group AG” - Австрија (порано “HAEFELY TRENCH”) – VN мерни трансформатори, реактори, бушинзи, енергетски напонски трансформатори, реактори - за пренос на електрична енергија.
VI. “PerTronic” (Германија) – (“Nexans”; “LAPPKABEL”) – електрични кабли.